Народната банка ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,5%, од 4,5 на 4 проценти. Можноста за натамошно релаксирање на монетарната политика, според Народната банка произлегува од движењата на девизниот пазар. Наспроти оценките за одлив од девизните резерви во последното тримесечие, во текот на ноември и првите денови од месецов НБРМ интервенирала со нето-откуп на девизи. Наредната година НБРМ не очекува поголеми притисоци врз рамнотежата на девизниот пазар преку домашната побарувачка.
Народната банка ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,5%, од 4,5 на 4 проценти.
Можноста за натамошно релаксирање на монетарната политика, според Народната банка произлегува од движењата на девизниот пазар.
Наспроти оценките за одлив од девизните резерви во последното тримесечие, во текот на ноември и првите денови од месецов НБРМ интервенирала со нето-откуп на девизи.
Наредната година НБРМ не очекува поголеми притисоци врз рамнотежата на девизниот пазар преку домашната побарувачка.